Нетанјаху: Израел ќе ја продолжи офанзивата против Хамас и во Рафа

И покрај меѓународниот притисок, Израел ќе ја продолжи својата офанзива против Хамас, вклучително и во Рафах на југот на Појасот Газа, изјави во четвртокот премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Меѓународниот притисок постои и расте, но особено тогаш мораме да ги збиеме редовите, мораме заедно да се спротивставиме на обидите да се запре војната“, рече Нетанјаху, додавајќи дека сите оние што го бараат тоа всушност велат „да ја изгубиме во војната“.

Армијата, додаде Нерањаху, ќе спроведе операции против Хамас во целиот Појас Газа, „вклучувајќи го и Рафах, последното упориште на Хамас“.

„Кој ќе ни каже да не дејствуваме во Рафахун, ни вели да ја изгубиме војната а тоа нема да се случи“, рече израелскиот премиер.

Ситуацијата во Газа ја поттикна Шведска да иницира состанок со министерот за надворешни работи на Израел и неколку земји-членки на Европската унија, како и други „за да се пренесе итната потреба за подобрување на хуманитарниот пристап до енклавата“, изјави во четвртокот шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Животот и здравјето на децата во Газа мора да бидат заштитени“, наведе Кристерсон во објавата на социјалната мрежа Х без да даде дополнителни детали.

Испораките на помош до палестинската енклава пропаднаа, при што само дел од потребната храна стигна до неа, а многу малку стигна до северните области каде што болниците велат дека децата почнале да умираат од неухранетост.