Нетанјаху: Израел нема намера да го расели населението на Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата вечерта изјави дека Израел „нема намера трајно да ја окупира Газа или да го раселува неговото население“, отфрлајќи ги идеите на десничарските министри за обнова на израелските населби на територијата и поттикнување на палестинската емиграција.

Видеото на премиерот на англиски јазик, објавено на социјалните мрежи, дојде во пресрет на сослушувањето во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, во кој Израел се обвинува за геноцид во Газа.

„Сакам да поосочам неколку точки апсолутно јасни“, рече Нетанјаху.
„Израел нема намера трајно да ја окупира Газа или да го раселува неговото цивилно население. Израел се бори против терористите на Хамас, а не против палестинското население, а ние тоа го правиме целосно во согласност со меѓународното право“.

„Нашата цел е да ја ослободиме Газа од терористите на Хамас и да ги ослободиме нашите заложници. Штом ќе се постигне ова, Газа може да се демилитаризира и дерадикализира, со што ќе се создаде можност за подобра иднина за Израел и за Палестинците.

Во исто време, висок член на десничарската партија Ликуд во средата инсистираше на тоа дека Нетанјаху претходно изразил поддршка за идејата за доброволно преселување на Палестинците надвор од Газа, но се повлекол од тоа по притисокот од САД.

„Премиерот ми рече пред две недели во оваа просторија дека тоа е добра идеја“, рече Дени Данон за „Тајмс оф Израел“.

„Нашиот проблем е да најдеме земји кои се подготвени да ги апсорбираат жителите на Газа, и работиме на тоа“, рече Нетанјаху како одговор на прашање од Данон за време на неделниот партиски собир во Кнесетот.

„Имавме состанок неколку недели кога го прашав за доброволно преселување и тој рече дека е добра идеја и не е лесно да се најдат земји што ќе ги прифатат жителите на Газа“, потврди Данон, додавајќи дека разбрал дека промената на мислењето на Нетанјаху се должи на американскиот притисок.

„Во последните неколку дена, поради притисокот што доаѓа од неколку земји, тој изјави дека тоа не е став на владата и дека Израел не го промовира.

Кабинетот на премиерот одби да ги коментира изјавите на Данон.

За време на прес-конференцијата во Тел Авив во вторникот, Блинкен им рече на новинарите дека палестинските цивили „не смее да се притискаат да ја напуштат Газа“, додавајќи „Нетанјаху денеска ми потврди дека тоа не е политика на израелската влада“.

Израелските власти ги негираа извештаите дека Израел е ангажиран во преговори со странски држави за прифаќање на илјадници имигранти од Газа – а владиниот портпарол Ејлон Леви ги нарече наводите „срамни и лажни“.

За Данон, „доброволната имиграција на жителите на Газа, кои сакаат да се преселат“ е дел од неговиот предложен повоен план. Тој  вели дека голем број странски претставници изразиле „голема загриженост за идејата за доброволна емиграција“ во средата за време на Дипломатска тркалезна маса за повоена Газа, која ја спонзорираше со пратеникот на Јеш Атид, Рам Бен-Барак.

Обраќајќи им се на дипломатите во средата, Бен-Барак истакнал дека „Газа со право им припаѓа на нејзините жители“, изјава во согласност со неговата претходна декларација дека „на жителите на Газа треба да им се дозволи да изберат дали ќе останат во Газа“.

Во твитот по критиките по објавувањето на неговиот текст, Бен-Барак рече дека бил погрешно разбран, објаснувајќи дека на Палестинците „треба да им се дозволи да изберат дали ќе останат во Газа и се надеваат дека Газа ќе биде подобро место за живеење под режим кој ќе се грижи за благосостојбата и квалитетот на живот на жителите“.

Бен Гвир е ученик на починатиот екстремно десничарски рабин Меир Кахане, кој се залагаше за законодавство за протерување на сите Арапи од Израел и Западниот Брег. Тој повика на охрабрување на „емиграцијата на стотици илјади од Газа“.

Неопходна е политика на преселување, неодамна тврдеше Смотрич, бидејќи „мала земја како нашата не може да си дозволи реалност каде што четири минути подалеку од нашите заедници има жариште на омраза и тероризам, каде што два милиони луѓе се будат секое утро со аспирација за уништување на Израел и со желба да колат, силуваат и убиваат Евреи каде и да се“.

Лидерите на крајната десница Итамар Бен Гвир и Безалел Смотрич во Кнесетот
Лидерите на крајната десница Итамар Бен Гвир и Безалел Смотрич во Кнесетот

Иако постои „голема поддршка за миграцијата меѓу пратениците на Ликуд, ние исто така ги разбираме дипломатските последици и затоа му дозволуваме на премиерот да преземе водство за ова“, објаснил за „Тајмс оф Израел“ друг пратеник на Ликуд, кој сакал да остане анонимен.

„Ние живееме во глобален свет и иако ова е нешто што мислиме дека е вистинското решение, не живееме сами на овој свет“, вели пратеникот, додавајќи дека предлогот на Данон и Бен-Барак е „различен од оној на Смотрич и Бен Гвир. Мислам дека не постои притисок во Ликуд за работи за кои зборува Смотрич – плаќање на луѓето да си заминат“.

Владата на Нетанјаху не сакаше да го објави повоениот план за Газа, а владиниот состанок за ова прашање минатата недела предизвика несогласувања меѓу министрите и војската.

Говорејќи на дипломатскиот собир во средата во Кнесетот, францускиот амбасадор Фредерик Журнес изрази загриженост во врска со иднината на Газа, наведувајќи ја американската окупација на Авганистан и Ирак.

„Социјалниот инженеринг не е лесна работа“, рече тој.