Нетанјаху му се заблагодари на Бајден за „моралната јасност“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден на неговата „морална јасност“ во текот на посетата на челникот на САД кој вети продолжување на поддршката за Израел и сугерираше дека потенцијално ѝ верува на израелската верзија за нападот врз болницата во Газа со стотици жртви.

Бајден во средата рано претпладнето пристигна во Израел за да ја изрази солидарноста со оваа земја и разговараше со тамошното водство за нивните воени планови, пренесуваат медиумите.

Американскиот претседател по Израел ја планирал посетата на Јордан, каде што требаше да се сретне и со египетското и си палестинското водство, но тоа е откажано по нападот врз болница во Газа во кој според палестински извори убиени се повеќе стотици цивили.

Палестинците за нападот го обвинуваат Израел кој по нападите од Хамас од 7-ми октомври секојдневно изведува масивни ракетни и артилериски напади врз палестинската енклава. Израелската страна, пак, тврди дека есплозијата се случила поради пад на ракета истрелана од милитантната групација Исламистички џихад од Појасот Газа.

Американскиот претседател истакна дека е „тажен и гневен“ поради екслозијата во болницата во Појасот Газа во вторникот. Палестинските власти во енклавата соопштија дека во ова ракетирање загинале неколку стотици луѓе.

„Врз основа на она што го видов, се чини дека тоа го сторила другата страна, не вие. Но имаме многу луѓе тами кои не се сигурни така што имаме многу, имаме многу што да надминеме“, рече американскиот претседател.

Бајден претходно, во текот на летото со претседателскиот авион, изјави дека САД жалат поради „пациентите, медицинскиот персонал и другите невини коишто загинаа или се повредени во оваа трагедија“ и тогаш не го наведе виновникот.

Нетанјаху му се заблагодари на „вистинскиот пријател“ Бајден на неговата поддршка за Израел и за тоа што „поседува морална јасност“.

Најдолговечниот израелски премиер, соочени со низа процеси поради наводна корупција и жестоки критики во земјата поради најавените правосудни реформи, изјави дека „цивилизираниот свет мора да се обедини за да го порази Хамас“, како што било постигнато во борба притив Исламската држава.

Нападот на Хамас од 7-ми октомври во јужни погранични области, во кој загинаа речиси 1.400 луѓе, Натанјаху го спореди со терористичките напади во САД од 11-ти септември 2001 година, по кој Вашингтон ја започна ткн „глобалната војна против тероризмот“, која инаку доведе до дведецениска окупација на Авганистан и хаотично повлекување на американските и сојузничките војски на 15-ти август 2022 година.

„Ќе го поразиме Хаамс и ќе ја отстраниме оваа грозна закана од нашите животи“, продолжи Нетанјаху, велејќи дека тоа не е само за благосостојбата на Израел, туку на сите.

Бајден истакна дека Хамас не ги признава сите Палестинци, како и дека им прави штета на нив самите. Нападот на Хамас од 7-ми октомври го опиша како „колеж“, истакнувајќи дека тој ден е убиен 31 Американец. Најави дека САД ќе продолжат воено да го поддржуваат Израел, и дека подоцна со неговото водство ќе разговара за израелските планови во оваа војна.