Нетанјаху на вонредна седница на владата: Ќе го уништиме Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата првпат свика вонредна седница на неговата влада, порачувајќи од состанокот дека Израел ќе го уништи радикалното исламистичко движење Хамас во палестинската енклава Појасот Газа.

Состанокот е одржан во воениот команден центар во Тел Авив и започна со одавање од страна на министрите почести за повеќе од 1.300 Израелци убиени во ненадејниот координиран напад од Хамас врз јужните израелски населби и градови.

Позравувајќи го пранешниот министер за одбрана и досега опозициски пратеник Бенјамин „Бени“ Ганц кој минатата седмица се приклучи на владата на Бенјамин „Биби“ Нетанјаху заедно со уште неколку членови на неговата центристичка партија Кахол Лаван (Сино-бел сојуз), премерот рече дека сите работат „деноноќно“ и во „обединетиот фронт“.

„Хамас мислеше дека ќе бидеме уништени. Ние сме тие коишто ќе го уништиме Хамас“, рече Нетанјаху и додаде дека оваа демонстрација на единство ќе им испрати „јасна порака на нацијата, непријателот и светот“.

Израелската војска претходно во неделата одреди нова временска рамка за цивилите од северот на Појасот Газа да тргнат кон југот на енклавата, кој истече во 13 часот. Повикот за евакуација се однесува на повеќе од милион Палестинци на северот во пресрет на најавената копнена инвазија на израелската војска во областа.

Обединетите нации ги критикуваа наредбите на изралската војска и предупредија на хуманитарна катастрофа во палестинската енклава, поради целосната блокада што ја наметна Израел, која вклучува спречување достава на храна и горива, како и прекин на снабдувањето со струја и вода.

Весникот The New York Times ноќта во саботата пренесе, повикувајќи се на неколку високо позиционирани израелски извори, дека израелската восјка го одложила планираниот упад во Појасот Газа за неколку дена поради лошите временски услови.

Целта на Израел е да го искорени политичкото и воено водство на Хамас, којашто на 7-ми октомври го изведе досега незабележениот во историјата координиран напад со илјадиници ракети, како и напади од копно и обид за инфилтрирани на израелска територија од море, врз израелски воени бази, заплени и уништи тенкови и борбени возила, а во заложништво зема уште речиси двесте израелски цивили и војници. Израел одогови со одмазнички воздушни и артилериски удари, во кои во Појасот Газа загинаа повеќе од 2.300 луѓе, од кои според палестински извори, најмалку третина се деца.