Израелскиот премиер на заминување Бенјамин Нетанјаху не мора да отстапи од должноста откако против него е подигнато обвинение за корупција, изјави во понеделникот главниот државен обвинител Авихаи Манделблит.
Обвиниението подигнато против премиерот Бенјамин Нетанјаху во четвртокот го товари за подмитување, проневера и злоупотреба на положбата и моќта, што е првата кривична пријава за некој израелски премиер. Тоа ја поттикна опозицијата да го истакне барањето за негова оставка, а истовремено во неговата десна партија Ликуд се појавија претенденти за челници.
Израелскиот закон не бара од премиерот, во случајот Нетанјаху, да поднесе оставка, а тој ги отфрла обвинувањата.
Главниот државен обвинител Авихаи Манделблит во понеделникот разговарал со своите соработници за тоа дали Нетанјаху треба да се биде прогласен за несоодветен за извршување на премиерската должност. Во тој случај Нетанјаху би морал да поднесе оставка, или привремено да земе одмор, соопшти министерството за правда.
Повикувајќи се, меѓу другото, на фактот дека Нетанјаху е на чело на преодна влада, Манделблит заклучил дека „прашањето на привремената несоодветноста за функцијата треба да остане во јавно-политичката сфера, бидејќи во овој момент нема место за одлука на државниот обвинител“, се додава во соопштението на министерството.
Израелските политички коментатори изразот „јавно-политичка сфера“ го толкуваат како референца на партијата или на парламентарните избори, како и можна петиција до Врховниот суд за Нетанјаху да биде присилен да отстапи од должноста,
Откако ниту Нетанјаху, ниту лидерот на партијата Сино-бело, Бени Ганц, не успеаја да ја формираат владата, претениците во Кнесетот имаат три седмици да изберат нов кандидат и да формираат влада.