Нетанјаху нуди по 5 милиони долари за секој ослободен заложник

Израел е подготвен да плати 5 милиони долари на секој во Газа за секој ослободен заложник, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху при обиколката на Појасот Газа.

„Им порачувам на оние Палестинци кои сакаат да излезат од оваа ситуација: секој што ќе ни предаде заложник, ќе обезбедиме безбеден излез за нему и неговото семејство. Исто така, ќе понудиме награда од 5 милиони долари за секој киднапиран. Изборот е во ваши раце, но резултатот ќе биде ист“, рече тој во видео-обраќањето што го објави неговата канцеларија.