Нетанјаху победува на изборите, но составувањето влада на Израел ќе оди тешко

Партијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјахи не успеа да освои цврсто парламентарно мнозинство на парламентарните избори во вторникот, но потенцијален договор со опозицскиот десничарски политичар би можело да го направи повторно победник, покажуваат излезните анкети кои израелските медиуми ги објавија ноќта кон средата.

Конзервативната партија Ликуд на Бенјамин Нетанјаху, според овие податоци, победила на изборите и може да смета на 31 од 120-те мандати во Кнесетот (израелскиот парламент), пренесе радиостаницата Kan.

Во медиумските извештаи се истакнува дека многу важно за политичката иднина на Нетанјаху е резултатот што го остварила партијата Јеш Атид на опозицискиот лидер Јаир Лапид, која освоила 18 пратенички мандати.

Според излезните анкети, девет мандати освоила ултраортодоксната ШАС, осум пратеници би имала „Обединетата арапска листа“, по седум пратеници освоиле лабуристите од партијата Авода, партијата „Обединетиот јудаизам на Тората“, партијата Нашиот дом Израел на поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман, десната партија Камина, и центристичката Кахол-Лаван (Сино-Бело) на парнерот во досегашната влада на Неранјаху, поранешниот воен командант Бени Ганц, а седум пратеници освоила и новата партија Религиозен ционизам. На шест мандати може да сметаат ултралевичарската партија Мерец и партијата Нова надеж на Гидеон Саар, поранешен сопартиец на Нетанјаху.

Околу триесесет партии и коалиции учествиваа на изборите од кои 12 го минуваат изборниот праг од 3,25 отсто од гласовите. Официјално, одѕивот на изборите изнесувал 67,2 отсто, што е за 3,8 процентни поени помалку од претходните избори кои се одржаа на 2-ри март 2020 година. Ова беа четвртите парламентарни избори на кои Израелците гласаа за помалку од две години.

По добивањето на официјалните резултати од пребројувањето на гласовите, што се очекува за една седмица, претседателот Рувен Ривлен ќе започне консултации со претставниците на партиите кои влегуваат во Кнесетот, по што на еден од нив ќе му го даде мандатот за формирање на новата влада. По правило, кандидат за премиер е лидерот на партијата со освоени најголем број мандати, но претседателот може да именува и политичар чија партија не освоила најмногу гласови но може да формира коалиција поддржана од 61 од вкупно 120 пратеници.

Според излезните анкети, блокот на десничарски и религиозни партии предводен од Ликуд освојува 54 мандати и може да формира влада со поддршка на Јамина на Нафтали Бенет. Блокот на противниците на Нетанјаху не може вкупно да собере повеќе од 59 пратеници, односно израелскиот лев блок постигнал подобра резултат отколку што се очекуваше според анкетите, но исто така не може да формира мнозинство.

Така, по капањата во која го демонстрираше најбрзото вакцинирање против Covid-19 во светот, политичкиот опстанок на Нетанјаху е врзан со Бенет, поранешен министер за одбрана.

Бенет претходно рече дека нема да велзе во владата на аир Лапид, кој важаеше за најверојатен челник на групацијата на левиот центар и лидер на партијата Јеш Атид.

Бенет, поранешен помошник на Нетанјаху кој долго настојуваше да го замени на лидерската позиција, не ги објави своите намери за коалицирањетто по затворањето на избирачките места. „Ќе сториме сѐ што е најдобро за Државата Израел“, го цитираше неговиот портпарол.

Седумдесет иедногодишниот Нетанјаху ја водеше кампањата на основа на програмата која овозможи речиси 50 отсто од Израелците да ги промат двете дози од вакцината против коронавирусот. Обвинувањата за корупција, во судската постапка која е во тек а кои Нетанјаху ги отфрла, нанесоа штети на неговата популарност, што резултираше со четвртите избори за две години.