Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја критикуваше намерата на Норвешка, Ирска и Шпанија да ја признаат независната палестинска држава.
„Намерата на неколку европски земји да ја признаат палестинската држава е награда за тероризмот“, рече Нетанјаху во средата.
Израелскиот премиер тврди дека 80 отсто од Палестинците на Западниот брег го поддржуваат масакрот извршен на 7-ми октомври во нападот без преседан во над седумдеценискиот палестинско-израелскиот конфликт со нападот врз воени бази, кибуци и градови во јужен Израел во кој беа убиени речиси 1.200 луѓе а уште 250 беа земени во заложништво во Газа.
„На тоа зло не може да му се даде држава. Тоа би била терористичка држава и ние нема да се согласиме со тоа“, нагласи Нетанјаху. Додаде дека „наградувањето на тероризмот нема да донесе мир“ и дека нема да го спречи Израел да го победи Хамас.
Решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт предвидува независна палестинска држава која мирно постои заедно со Израел. Нетанјаху се противи на решението за две држави, како и палестинското исламистичко движење Хамас, кое не го признава Израел откако изминатите години од своите документи привремено го избриѓа негирањето на еврејската држава.