Челникот на десната партија Ликуд, Бенјамин Нетанјхау, се откажа поради неможноста да обезбеди ново мнозинство по септемвриските парламетарни избори од формирање влада, па неговиот центристички ривал Бени Ганц ќе добие можност да го формира новиот владин кабинет.
Нетанјаху, кој непрекинато е премиер на Израел од 2009 година, а вкупно на власт досега мина 13 години и е вториот најдолготраен израелски премиер, изјави дека не успеал да состави влада и дека ќе го врати мандатот кај израелскиот претседател Реувен Ривлин. Овој, пак, веднаш објави дека има намера да го даде мандатот за составување влада на Ганц, челникот на партијата „Сино-бело“ (Кахол Лаван).
„Изминатите седмици сторив сѐ да го доведем Бени Ганц на преговарачката маса, да воспоставам влада на националното единство и да избегнам нови избори“, рече Нетанјхау.
Се чини дека ниту Ганц нема лесно да може да обезбеди мнозинство, а доколку не успее во тоа, веројатни се нови парламентарни избори, кои ќе бидат веќе третите од април 2019 година. Неговата партија наведе дека е „решуителна да ја формира владата на либералното единство“.
Кон крајот на септември арапските партии првпат по 25 години дадода поддршка за некој кандидат за израелски премиер, и тоа за центристот Бенјамин Бени Ганц, со цел да го прекинат долгото владење на десно ориентираниот Бенјамин Нетанјаху. Арапските партии ја дадода својата поддршка на самиот почетокот од консултациите на израелскиот претседател Реувен Ривлин со политичките партии на кои треба да се именува мандаторот за составување коалициска влада по парламентарните избори на 17-ти септември.
Поради обвинувањата за корупција кои ги негира, Нетанјаху загуби дел од поддршката. Ганц, које поранешен началник на генералштабот на израелската војска, вети дека нема да учествува во влада чиј премиер се соочува со обвинувања.
Партијата на Ганц од центарот Кахол-Лаван (Сино-бело) доби 33 од 120-те места во Кнесетот (парламентот), а десничарскиот Ликуд на Нетанјаху – 32. Но овие две партии ниту со сојузниците не можеа да добијат 61 пратеник, што е прагот за добивање мнозинство за формирање влада.