Нетанјаху вели дека Израел е подготвен на силно дејствување на северот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата ја посети границата со Либан на северот на земјата, каде рече дека Израел е подготвен да преземе силни акции во таа област.

Северните погранични градови на Израел, од кои многу се евакуирани, често се цели на ракетни и напади со беспилотни летала на либанското шиитско движење Хезболах во неговата речиси со децении непрекината и необјавена војна со еврејската држава.

Ракетите предизвикаа огромни пожари оваа седмица, изгореа големи области низ северен Израел.

„Кој мисли дека може да ни наштети, и дека ќе седиме со скрстени раце, прави голема грешка. Подготвени сме за многу силна акција на север. Вака или онака, ќе ја вратиме безбедноста на север“, порача Нетанјаху, откако израелската војска потврди дека претходно во средата гаѓала најмалку пет цели на Хезболах на либанска територија.

Хезболах разменува оган со Израел преку јужната граница на Либан од 8 октомври минатата година, еден ден откако палестинската група Хамас започна напад врз Израел што ги ескалира регионалните тен. Движењето кое тесно сорабоува со Иран ја презеде одговорноста за соборувањето на израелско беспилотно летало претходно во саботата.

Мировните сили на Обединетите нации во Либан (UNIFIL), кои ја надгледуваат областа од 1978 година, уште во јануари го прогласија вториот највисок степен на аларм.

Израел бара Хезболах да се повлече од границата за да обезбеди безбедност на цивили на северот на земјата. Исто така, Тел Авив се закани со употреба на воени агенти доколку не доведат до дипломатски напори за повлекување. Повеќе од 76.000 луѓе ги напуштија своите домови во јужниот дел на Либан од почетокот на неодамнешните размени на оган. Повеќе од 80.000 луѓе беа евакуирани од израелската страна на границата…

Овие судири од почетокот на октомври претставуваат најсериозен воен конфликт од втората либанска војна во 2006 година. Но, набљудувачите велат дека двете страни сè уште следат одредени непишани правила, бидејќи досега избегнуваа натамошна ескалација.

Хезболах, кој е поддржан од Иран, ја контролира владата во Либан и има арсенал на ракети кои претставуваат закана за Израел. Еврејската држава, од друга страна, се смета дека е воено способна да му нанесе неизмерно голема штета на Либан.

Либанската шиитска групација Хезболах е активна во јужен Либан и во Сирија, чијашто територија на Голанската висорамнина Израел ја анектираше во 1981 година.

Хезболах, чии милиции се вооружувани и обучувани од Иран, е далеку помоќна борбена форамција од палестински Хамас, а разликата е и во припадноста на шиитскиот и сунитскиот огранок на исламот. Од последната војна меѓу Израел и Хазболах во 2006 година, либанското движење стана многу помоќно. Се проценува дека Хазболах има арсенал од повеќе од 100.000 ракети, а покрај тоа неговите единици се здобија со богато борбено искуство учествувајќи од 2011 година во војната во Сирија.

Хезболах и Израел водеа две големи војни од 1980-тите. Израелските трупи беа принудени да се повлечат од Либан по конфликтот во 2006 година. Хезболах има значително присуство во јужен Либан и периодично се конфронтира со израелските сили кои патролираат по границата.

Во војната од 2006 година со израелската сила, Хезболах се покажа како сериозен противник, а воените аналитичари предупредуваат дека неговите борци се стекнале со големо борбено искуство со учеството во војната во соседна Сирија започната од 2011 година, и оти движењето е добро вооружено благодарејќи на целосната поддршка од Иран.

Движењето на шиитската заедница во Либан со неговото воено крило е формирано во заднината на долгата граѓанска војна со вмешаност на САД и Израел во 1982 година со поддршка на Иранската револуционерна гарда. Се смета дека е најдобро вооружена групација во регионот на Блискиот исток, а се здоби со големо борбено искуство учествувајќи во регионалните војни главно во Сирија на стрнаа на владата на претседателот Башар ал-Асад.