Нетанјаху вели дека Израел мора да ја контролира границата на Газа со Египет, војната ќе трае со месеци

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека повторно ќе ја преземе контролата врз границата на Појасот Газа со Египет, проширувајќи ја мисијата на Израел да го неутрализира Хамас во конфликтот за кој вели дека очекува да трае со месеци.

„Војната е на својот врв“, изјави Нетанјаху за новинарите во саботата во врска со борбите кои започнаа од 7-ми октомври кога палестинското радикално движење Хамас и нејзините сојузнички исламистички движења продреа во јужен Израел во нападот без преседан според координираноста, масовноста и бруталноста, убивајќи 1.200 луѓе од кои 900 цивили и однесувајќи 240 други го заложништво во палестинската енкалва Појасот Газа,

Изралскиот премиер притоа посочи дека тампон зоната таканаречениот Филаделфски коридор, којшто минува по границата на Газа со Египет мора да биде под контрола на Израел.

„Мора да биде затворен (коридорот)… Јасно е дека кој и да е друг начин нема да ја обезбеди демилитаризацијата што ја бараме“, рече Нетанјаху.

Притоа, тој не изложи поединости, но таквиот потег на Израел би бил де-факто пресврт во политиките кон енклавата по повлекувањето од Газа во 2005 година, ставајќи ја сега енклавата под ексклузивна израелска контрола по години на управувањето на Хамас кој победи на палестинските избори таму во 2006 година а следната ја презема власта над сите институции во тесниот крајбрежен регион.

Коментарите на Нетанјаху за тампон зоната дојдоа во моментите кога израелските воени сили продолжуваат со офанзивата за која премиерот повтори дека ќе трае „уште многу месеци“.

По ненадејниот октомвриски упад на Хамас, Израел започна целосен напад во Газа, раселувајќи ги речиси сите негови 2,3 милиони жители и убивајќи најмалку 21.672 Палестинци, според здравствените власти во Газа, со повеќе од 56.000 повредени и илјадници други за кои се стравува дека се мртви под урнатините во разорената еклава.

Жителите и медицинските лица изјавиле за Reuters дека борбите во саботата биле фокусирани во Ал Буриџ, Нусејрат, Магази и Кан Јунис во централна и јужна Газа.

Медиумите на Хамас во саботата објавија дека Абдел-Фатах Маали, висок член на вооруженото крило на групата, бил убиен во израелски напад во Газа. Се наведува дека Маали, по потекло од другата палестинска енклава Западниот брег, бил ослободен за време на размена на затвореници во 2011 година и протеран во Газа. Во извештаите не е прецизирано кога е убиен.

Израел соопшти дека 172 негови воени лица се убиени во борбите во Газа од почетокот на копнената офанзива на 27-ми октомври, покрја 318-те убиени припадници на израелските одбранбени фромации убиени во нападот на Хамас од 7-ми октомври.

Конфликтот предизвика загриженост дека може да се прошири низ целиот регион, потенцијално вклучувајќи ги групациите на Блискиот исторк кои имаат поддршка од Иран во Либан, Ирак, Сирија и Јемен, кои разменуваат спорадични престрелки со Израел и неговиот сојузник на САД, или насочени кон трговскиот транспорт.

Израел извести за напредокот во уништувањето на инфраструктурата на Хамас, вклучително и комплексот тунели во подрумот на една од куќите кошто наводно ги користел или му припаѓале на лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, во градот Газа. Војниците, исто така, извршиле рација во она што Израел го нарекува „штабот на военото разузнавање“ на Хамас и „командниот центар“ на Исламскиот џихад во Кан Јунис „уништувајќи разни цели, вклучително и леарница за оружје“, се вели во военото соопштение.

Хамас и Исламски џихад, двете групации коишто повикуваат на уништување на Израел, објавија соопштенија во коишто се наведува дека нивните борци уништиле и оштетиле неколку израелски тенкови и транспортери со војници во нападите ширум Газа во саботата. Тие, исто така, велат дека истрелале минофрлачки проектили врз израелските сили во Кан Јунис и Ал-Бурејџ, како и во северниот дел на Газа.

Вашингтон продолжи со притисоците врз Израел, досега неуспешно, да го намали интензитетот на војната со тоа што ќе премине кон насочени операции против лидерите на Хамас и да стави крај на она што претседателот Џо Бајден го опиша како „неселективно гранатирање“. Израел вети дека ќе го уништи Хамас и вели дека милитантната група ги става во опасност цивилите користејќи ги како жив штит, што Хамас го негира.