Нетанјаху вети вакцини за Covid-19 за сите Израелци над 16 години до крајот на март

Сите Израелци повозрасни од 16 години ќе имаат пристап до вакцина против коронавирусот до крајот на март, изјави во четвртокот премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Како што објасни Нетанјаху, прошираната програма за вакцинација ќе биде овозможена благодарејќи на доаѓањето на вакцината на „Pfizer/BioNTech“ во недела, и додаде дека со тој план Израел ќе биде првата земја во светот којашто ќе стави крај на епидемијата.

Договорено е американски „Pfizer“ во Израел да може да собира податоци за тоа како дејствува вакцината којашто ја разви на основа на германската биотехнолошка компанија „BioNTech“.

Според податоците обавени на страниците на Our World in Data, Израел со новите вакцини развиени против коронавирусот до четвртокот вакцинирал повеќе од 14 отсто од населението, што е далеку најмногу во светот.

Ваквиот податок оди во прилог на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој под обвиненија за злоупотреби на должноста, а кон крајот на март го очекуваат тешки парламентарни избори, четвртите во земјата во последните две години.