![benjamin neanjahu](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/benjamin-neanjahu.jpg?resize=696%2C455&ssl=1)
Конзервативниот блок на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху веројатно ќе оствари убедлива изборна победа, по пребројувањето на 85 отсто од гласовите во средата.
Според излезните анкети во вторникот вечерта, блокот на Нетанјаху, кој ги вклучува Ликуд, Религиозната ционистичка партија (RZP), Обединетиот јудаизам на Тора (UTJ) и Шас, го преминала прагот од 61 место и ќе може да ја формира следната коалиција.
Десничарско-религиозната коалиција на Нетанјаху успеала да освои мнозинство до 65 пратенички мандати од вкупно 120-те во израелскиот парламент Кнесетот, пренесуваат израелските медиуми.
Неговата партија Ликуд, според истите извори, освоила 31 мандат, а на второто место е Партијата на иднината (Јеш Атид) на досегашниот премиер Јаир Лапид со 24 освоени мандати.
Првпат во историјата на Државата Израел на третото место е крајно десната коалиција. Религиско ционистичката партија (Ткума-Ихуд Леуми) на Бецалел Смотрич и Итамар Бен-Гвир веројатно ќе има решавачка улога за Нетанјаху.
Левичарската партија Мерец и арапскиот сојуз Балад, можеби, нема да го преминат изборниот цензус од 3.25 отсто од гласовите.
Одѕивот на гласачите бил релативно висок и изнесувал 71,3 отсто од 6,8 милиони регистрирани гласачи.
Седумдесет итригодишниот Нетанјаху во моментов е под судска истрага по наводи за корупција, а ова ќе му биде второ враќање на власт. Во неколку наврати веќе беше премиер, со вкупен мандат од 15 години.