Изреалскиот премиер на заминување Бенјамин Нетанхаји, кој е обвинет за корупција во неколку афери, е во водство пред својот најголем ривал поранешниот воен командант Бен Ганв, покажуваат излезните анкети објавени доцна ноќта во понеделникот по парламентарните избори во Израел, третите во помалку од една година.
Според излезните анкети објавени по затворањето на избирачките места, конзервативната Ликуд на Нетанјахи добива 36 или 37 мандати во 120-члениот Кнесет (израелскиот парламент), а партијата Кахол Лаван (Сино-бела) на Ганц 32 или 33 мандати.
„Ви благодарам“, објави Нетанјаху на Twitter кусо по објавувањето на анкетите.
Заедно со своите сојузници од десницата и ултраортодоксните партии, Нетанјаху би можел да има околу 60 мандати, а за мнозинство му е потребен 61 пратеник.
По појавата на новиот коронавирус, изборите во Израел лилеа на призори од научмо-фантастични филмовим, на некои избирачки места членовите на изборните комисии беа во заштитни одела каде што се очекуваа гласачите кои биле во конатакт со зарзените или патувале во земји кои се погодени од епидемијата.
Но се чини дека ниту стравот од коронавирусот, ниту веќе третите парламентарни избори за помалку од една година не влијаеја врз одѕивот на избирачите. Според прелиминарните податоци на изборната комисија, одѕивот на гласачите во 20 часот по локално време, два часа пред затворањето на избирачките места, бил 65,6 отсто, што е за два процентни поеан повеќе отколку на последните избори во септември.
Израелците гласаа за излез од најголемата политичка криза во историјата на современата еврејска држава, откако изборите во април и во спетември минатата 2019 година не усепаја да дадат победник меѓу Ликуд и Сино-белата партија.
Две седмици пред судењето закажано за 17-ти март, овие избори решаваат и за политичката кариера на Нетанјаху. Тој е обвинет за корупција, малверзации и злоупотреба на довербата, и ќе биде првиот израелски премиер на должност кому му се суди.
Сојузниците на Нетанјаху, ултраортодоксните партии Шас и Обединетото еврејство на Тората, како и листата Јамин од радикалната десница, оствариле добри резултати, според истате излезни анкети.
Сино-белата партија смета на поддршката од левите партии, чии првични резултати не ветуваат многу, вкупно 6 или 7 места, а би можела да ја добие поддршката и од Заедничката листа на арапскии израелски партии, кои на изборите во септември освоија изненадувачки 13 мандати.