Нетанјаху: Европа е дволична

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска ја критикуваше „дволичноста“ на Европа кон новата платестинска Влада за национално единство која го поддржува Хамас.

„Исламистичкиот тероризам е повторно во Европа. Тоа го видовме кога беа убиени четири лица во Еврејскиот музеј во Брисел“, изјави Нетанјаху.

Премиерот додаде дека му е „необично“ европските земји од една страна жестоко да осудуваат такво злосторство, а од друга страна пријателски да разговараат за Влада со Хамас, терористичка организација која спроведува таков вид на злосторства.

Ривалските палестински огранизации Хамас и Фатах се договорија на 23 април да оформат единствена влада и да одржат нови избори што е уште една проба за надминување на нивниот седумгодишен конфликт поради кој Палестинците имаа две паралелни влади.

По оваа одлука, Ирзаел ги прекина мировните преговори со Палестина.