Нетанјаху ја критикуваше Европа за лицемерство

Израелскиот премиер Бенјамрин Нетанхају изјви дека одговорот на Европа на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Државата Израел, е лицемерен како и дека „Европејците играат по двојни стандарди“.

„Ја почитувам Европа, но не сум подготвен да ги прифатам двојните стандарди од европските челници“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ноќта кон неделата пред полетувањето во дводневната посета на Париз и Брисел.

Нетанјхау потсети дека Европската унија ја осуди одлуката на САД, но „не и лансирањето ракети врз Израел, како ниту страшното поттикнување на потези против Израел“.

„Не сум подготвен да прифатам такво лицемерство. Како и вообичаено на ваквите важни форуми ќе ја изнесам вистината за ?Израел без страв и со високо крената глава“, порача израелескиот премиер.

Нетанјаху во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Франсоа Макрон, а во Брисел со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија.

Ефектуирањето на одлуката за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, покрена лавина од негативни коментари, осуди и протести во арапскиот и муслиманскиот свет, како и во некои европски престолнини, што до неделата утрото резултираше со четири жртви и илјадници повредени.

Европската унија, којашто е членка на ткн Блискоисточен квартет заедно со Русија, САД и ОН, објави дека верува дека има должност да го каже своето мислење како најголем донатор на хуманитарна помош за Палестинците и главниот трговски партнер на Израел.

Минатата седмица високата претставничка за заедничка надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, исто така, рече дека сите 28 челници на владите на земјите членки на ЕУ се обединети во ставовите околу Ерусалим и бараат решение коешто би ја вклучило палестинската држава на територијата која Израел ја освоил во ткн Шестдневна војна во 1967 година. Меѓутоа, некои политички разлики во Унијата го намалиле нејзиното влијаните, призна шефицата на европската дипломатија.

Пречките за ЕУ вклучуваат палета од различни ставови коишто се движат од силната поддршка на Германија за Израел до одлуката на Шведска од 2014 година официјално да ја признае државата Палестина.