Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини изјави дека според првичните проценки израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не презентирал никакви докази за тоа дека Иран не се држи до договорот од 2015 година за откажување од нуклеарно оружје.
Она што го видов од првите извештаи е дека премиерот Нетанјаху не го доведе во прашање постапувањето на Иран кон договорот. Меѓународната агенција за нуклеарно оружје (ИАЕА) објави веќе десет извештаи кои покажуваат дека Иран се држи до договореното. Доколку некој има спротивни информации би требало да се обрати до МААЕ или до заедничката Комисија на страните потписнички на договорот, вели Могерини. МААЕ е единствената независна меѓународна организација која е надлежна за технички надзор, истакна Могерини.
Таа додаде дека, пред сѐ, ИАЕА треба да процени дали Иран се придржува до договорот.
Тоа е поради тоа што ИАЕА е единствената непристрасна, меѓународна организација која е задолжена за надгледување на нуклеарните обврски на Иран, кажа Могерини.
Претходно иранскиот министер за надворешни рабори Мохамед Џавад Зариф кажа дека обвинувањата на Израел за нуклеарните амбиции на Техеран се „стари обвинувања“, со кои во минатото се бавеше Меѓународната агенција за атомска енергија.
Нетанјаху изјави дека неговата влада дошла до „половина тон“ тајни ирански документи кои покажуваат дека Техеран имал програма за нуклеарно вооружување.
Тој тоа го нарече „голем разузнавачки подвиг“ и тврди дека тие документи покажуваат дека Иран лажел во врска со своите нуклеарни амбиции пред да го потпише нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година.
Иран негира дека кога било тежнеел да стекне нуклеарно оружје.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 12 мај треба да донесе одлука за тоа дали ќе се повлече од меѓународниот договор со Иран, додека Нетанјаху ги предводи повиците Трамп да се повлече.