Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во 2011 година издал наредба до армијата да се подготви за напад врз Иран во рок од 15 дена, рече поранешниот началник на Мосад, Тамир Пардо.
Пардо, кој беше шеф на израелската разузнавачка агенција од 2011 до 2016 година, за израелската телевизија Кешет изјави дека наредбата не е дадена „поради вежба“, објави АП.
Кога тој ќе ви каже да започнете со процесот, знаеш дека не се подготвува да си игра со тебе. Овие работи имаат огромно значење, рече Пардо.
Кабинетот на Нетанјаху засега не ги коментираше тврдењата на Пардо.
Нетанјаху вчера изјави дека Израел нема да дозволи Иран да се вооружува со нуклеарно оружје.
Тврдењата на Пардо доаѓаат во време кога Израел и Иран водат војна во сенка во Сирија, која накратко се закани дека ќе прерасне во целосен конфликт на почетокот на месецов, кога израелската армија ја нападна иранската позиција во Сирија и ги уби иранските борци по наводниот ирански ракетен оган насочен кон Голанската висорамнина.