Нетанјаху: Сирија е виновна за соборување на рускиот авион

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху изјави дека Сирија е виновна за соборувањето на рускиот воен авион, денеска во разговор претседателот на Русија, Владимир Путин. Нетанијаху ги понудил “сите неопходни информации” потребни за истрага во врска со случајот, соопшти канцеларијата на израелскиот премиер, пренесува Ројтерс.

Путин претходно изјави дека соборувањето на авионот со сириска ракета е последица на „сплет на трагични околности“.

Во споредба со добро познатиот настан кога нашиот борбен авион беше соборен од турски авион сега ситуацијата е поинаква. Овој пат, се чини дека се работи за низа трагични околности. Се подразбира дека мораме најсериозно да анализираме што се случило. Нашиот став во врска со оваа трагедија е содржан во соопштението на Министерството за одбрана, кое целосно се согласува со мене, изјави путин, кој изрази сочуство до семејствата на загинатите војници и најави дека Русија ќе ја зголеми безбедноста на своите сили во Сирија.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека извидувачкиот авион “Илјушин Ил-20” бил погоден со сиријска ракета земја-воздух над Медитеранот,ноќта помеѓу понеделник и вторник. Министерство наведува дека авионот случајно го погодила една од ракетите наменети за израелските борбени авиони „Ф-16“, кои вршеле напади во провинцијата Лакатија во Сирија.