Netflix нарачал нова анимирана серија за возрасни „The Undervale”

Претходно седмицава Netflix објави дека со Мет Ролер и Ден Хармон, кои стојат зад анимираната телевизиска серија „Rick & Morty“, работат на нова анимирана серија з возрасни под насловот „The Undervale“.

Ролер е одговорен за сценариото и создавањето на секоја телевизиска епизода, додека Хармон е еден од извршните продуценти, се додава во објавата на Netflix.

„Одушевен сум што ќе работам со Netflix и со неверојатно талентиранитеа актери и дргутата филсма екипа за да ги оживеаме приказните за мртвите, злото и вредните работници во Hotel Undervale (Хотелот Андервејл)“, соопштиРолер.

Продуцентот на „Krapopolis“, Стив Леви, исто така, ќе работи на серијата како еден од извршните продуценти покрај Крис Мекена, сценарист на анимираната серија „American Dad!” и Ерик Хејс кој работеше и на серијата „Rick & Morty“.

„The Undervale“ е приказна за самохрана мајка која се бори да води хотел кој проколкнат. За среќа, на помош ѝ доаѓа нејзиниот оттуѓен брат, еден од духовите на хотелот, кој верува дека неговите цимери, другиот провиденија, имаат некои добри идеи.

Ова е најновата во серијата соработки меѓу Ролер, Хармон и Леви, кои работеа заедно на анимираната комедија на „Krapopolis“ на Fox, „Rick & Morty“ за Cartoon Network и хумористичната серија „”Community” на NBC.