ФОТО/ВИДЕО: Нетпрес на гости кај Кајмакоски

Во пресрет на големото финале на Х фактор Адриа, Нетпрес го посети Мислешево, родното место на Даниел Кајмакоски, кој е еден од петте финалисти на ова музичко шоу. Финалето ќе се случи во Комбанк арената во Белград на 23 март во недела. Кајмакоски важи за фаворит, но дали ќе победи, останува да видиме.

arenaЖителите на Мислешево се горди на Кајмакоски и во голем број ќе појдат во Белград за да му дадат поддршка. Кога се емитуваше  Х фактор Адриа,  во кафулето „Арена“ беше како на фудбалски натпревар. Организирано гледаа и навиваа за негов успех.

Даниел Кајмакоски, од Мислешево си заминал на шестгодишна возраст. Заедно со неговите родители и двајца браќа живеат во Виена. Во родното место се останати само неговата вујна и двајцата братучеди. Неговиот вујко, на кого Даниел наликува исто така е во Виена.Приказната за него ја раскажа токму Данијела, неговата вујна.

„Поради егзистенција на неговото семејство, заминаа во Виена, Австрија.Но, секој зимски одмор, Нова година, на лето, Велигден тие си доаѓаат. Даниел посебно е сврзан за Македонија, тој тука сака да работи,“ изјави Данијела.

daniel-kajmakoski-1385947027-406199Иако најголемиот триумф Даниел го имаше на Х фактор Адриа, ова е негов трет обид за градење на музичка кариера.Во Виена работел како менаџер за градежни работници, но отсекогаш мислите му биле во музиката. На Х Фактор го пријавил неговиот другар Тони. Дека навистина ја сака музиката, говори и фактот што пред неколку години три месеци свирел и пеел во хотел во Турција.

„Музиката од секогаш го влечела, тоа кај него е генетски исто и татко му се бави со музика.Првпат почна на Старемина во Австрија, но што направи не сум запознаена. Потоа учествуваше на Макфест, Валандово, Охридски трубадури, учествуваше и во Бугарија на Пејсмен.Татко му е музичар и исто така работи во Виена каде што има постојана работа.Тие се доста скромно, фино и среќно семејство. Израснаа тројца синови во хармонија, и секогаш му се поддршка на Даниел,“ вели Данијела.

Даниел на обожатавелките реагира со воодушевување. Драго му е што за кратко време успеа да биде обожаван и да биде идол на многу млади девојчиња.Подготвен е да се носи со славата. Преку музиката го отркива светот и се она што го интересира како човек. Како дете бил доста љубопитен.

„Отсекогаш бил скормен, добродушен и таков каков што е на телевизија. Беше многу темпераментно емотивно и љубопитно дете. Ако го прашавте нешто, ќе одговореше со пеење, со музика, свиркање. Секогаш беше весел и расположен.Беше доста немирeн и уште е детинест. Ако беше поставено прашањето Даниел зошто не бараш работа, зошто не работиш одговорот беше дека на работа и дома е пензионерски, зошто на тој начин си го оцртал својот живот. Преку музиката откриваше нешто ново за себе и за животот,“ објаснува Данијела.

На лето кога доаѓа во Мислешево, времето го поминува на плажа, навечер пак се собираат со друштво во неговата куќа, каде што свири и пее. Се дружи со другарите кои ги има во Мислешево, Струга и Скопје.

semejstvo„Популарноста на Даниел по Икс фактор се зголеми меѓу нас младите. Кога одам на училиште учениците ме прашуваат кога ќе дојде, дали може да се сликаат со него, да добијат автограм. Иако живее во Виена, како братучеди сме блиски, секогаш кога ќе дојде излегуваме, одиме во Охрид, правиме седенки, свири на гитара, пее. Откако знам за себе, знам дека Даниел ја обожава музика и мислам дека е како виното, што повеќе старее толку е поквалитетен,“ вели Андреа Пентелашоска, прва братучетка на Даниел.

Кајмакоски својот темперамент го изразува преку паркурот, а изненадувањето на најблиските со некоја негова постапка, е вообичаен начин на однесување.Покрај музиката, го сака и спортот.Оваа негова пасија ни ја откри неговиот братучед Божидар.

„Даниел покрај музиката, обожава спорт, го обожува паркурот и знае понекогаш да не изненади. Преку тоа тој го искажува својот темперамент и жив карактер.“

Неговото семејство открива дека Даниел моментно нема девојка, а кај нив ја цени искреноста и природното однесување.

„Даниел е многу чувствителен. Кога сака, сака од срце. Ако си верен и искрен спрема него, тој двапати спрема вас. Моментно е слободен дечко, нема девојка. Кај девојките секогаш ја ценел искреноста и природното,“ додава Данијела.

kuka 1

 

Мислешево го напуштивме со надеж и желба за победа на Даниел на Х Фактор Адриа. Ако тоа се случи, се договоривме да ни пее и свири во неговата куќа. А, може и да направи паркур, па преку тераса да влезе дома, како што и често прави.