Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека неговиот руски колега Сергеј Иванов не бил во можност да вети дека ќе бидат приземјени сириските бомбардери и оти ќе биде спречено бомбардирањето на сириските градови.
Кери, Лавров и пратеници на уште 21 земја на Меѓународната група за поддршка на Сирија се наоѓаат во Њујорк, каде се одржува генералното Собрание на Обединетите нации.
Кери додаде дека е подотвен да се состане со Лавров повторно денеска во новиот обид нешто да се стори.
Пратеникот на Обединетите нации за Сирија Стефан де Мистура го опиша состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија како „долг, болен и разочарувачки“ и додаде дека сака да верува дека Русија и САД се сериозни во намерата да посредуваат за постигнување на мирот.
По средбата тој додаде дека било погрешно да се објави дека „прекинот на непријателството во Сирија е мртов“.