Њујоршкиот обвинител откри дека во летото 2016 година благодарејќи на интервенција на уфрлен агент на Федералното биро за истраги (FBI) е спречен џихадистички напад на Тајмс Сквер и во њујоршката подземна железница според урнекот на нападите во француски Париз и белгиски Брисел.
Нападите ги планирале двајца 19-годишници, Канаѓанецот Абдулрахман Ел Банасави и Американец кој живее во Пакистан, Тала Харун. Требало да биде изведен „во текот на рамазан“, меѓу почетокот на јуни и почетокот на јули 2016 година, според соопштението на обвинителот од Менхетен,
Меѓутоа, агент на федералната полиција FBI, претставувајќи се како приврзаник на Исламската држава, се вклучил во нивната размена на информации преку паметни телефони и ги следел нивните подготовки. Ел Бансави во Канада купил експлозив од типот TATP, омилен меѓу џихадистите, и пристигнал во САД во мај 2016 година каде што се решавало кои линии од подземната железница во Њујорк ќе бидат нивна цел.
Во допишувањето со агентот на FBI, Канаѓанецот тврдел дека сака да „усмрти многу луѓе“, и да изврши напади на концерти. „Влегуваме со оружје во раце, така како што направија во Париз“, алудирајќи на нападите од 13-ти ноември 2015 година кога беше извршен напад врз концертната сала „Батаклан“.
Тала Харун потврдил дека ќе допатува во САД во последен момент за да помогне во изведување на нападите. Во размената на пораките со агентот подземната железница ја опишал како „совршена цел“ и рекол дека целта му е да „усмрти што повеќе патници“, како во нападите од 22-ри март 2016 година во Брисел.
Ел Банасави агентите на FBI го уапсиле на 21-ви мај 2016 година во Кранфорд, во сојузната држава Њу Џерси, 30 километри југозападно од Њујорк. Изјавил дека се чувствува виновен во октомври 2017 година по седум точки од обвинението, од кои за три би можел да добие доживотен затвор. Пресудата ќе биде објавена на 12-ти декември.
Харун, пак, е обвинет по пет точки од обвинението, уапсен е во Пакистан во септември 2016 година. САД се надеваат дека наскоро ќе им биде израчен. И нему му се заканува доживотен затвор.
Во овој случај обвинет и 37-годишниот Расел Салик од Филипини. Тој е уапсен на Филипини во април годинава и се очекува негова екстрадиција во Соединетите држави.