Неуспешен обид за грабеж на билетарницата на ЈСП кај Зелен пазар

Вечерта во саботата скопската полиција добила дојава за неуспешен обид за грабеж на блиетарница на Јавното сообраќајно претпријатие во центарот на градот/

Инцидентот се случил околу 19 часот, а во СВР Скопје било пријавено дека во билетара на ЈСП во близина на Зелен пазар на ул.„11 Октомври“, едно лице со закана со пиштол се обидело да одземе пари од вработената 60-годишната З.Д. од Скопје, но не успеало во намерата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.