Неуспешните преговори за даноците би го чинеле светот 100 милијарди долари

Светската економија би можело да се намали за еден отсто, доколку пропадната преговорите за прекуграничните даночни прописи и бидат заменети со трговски војни, предупреди во понеделникот Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

Речиси 140 земји во светот во петокот договорија продолжување на разговорите и во 2021 година, имајќи предвид дека планираното годинешно завршување се изјалови поради пандемијата на коронавирусот и американското колебање во пресрет на тамошните претседателски избори.

Светската јавност е сѐ погласна во барањата големите профитабилни мултинационални компании да плаќаат праведни даноци врз основа на меѓународните прописи, имајќи ги предвид веќе пренапрегнатите национални буџети во пандемијата на Covid-19, истакнаа земјите потписнички во заедничкото соопштение.

Целта е да се ажурираат меѓународните даночни прописи и да се прилагодат на ерата на дигиталното тргување, особено за да се обесхрабрат големите интернет компании, како Google, Amazon и Facebook, добивките да ги пријавуваат во земјите со ниски даноци а не во оние во коишто ги продаваат услугите и производите.

Имајќи предвид дека новиот меѓународен даночен режим сѐ уште не е воспоставен, сѐ повеќе национални влади засебно подготвуваат даноци на дигиталните услуги, на што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одговора со противмерки.

При најлошото сценарио, овие спорови би можеле да го намалат глобалниот бруто домашен производ (БДП) за повеќе од еден отсто, според процената на OECD, под чие покровителство се водат глобалните преговори.

Новите прописи за дигиталното оданочување и предложениот минимален глобален данок, пак, би ги зголемиле приходите од глобалниот корпоративен данок за 1,9 до 3,2 отсто, односно за 50 до 80 милијарди долари на годишно ниво. Сумата би можело да се зголеми и до 100 милијарди долари, доколку се вклучи и важечкиот минимален американски данок на добивката остварена во странство, што би било соодветно на околу 4 отсто од приходот од глобалниот корпоративен данок. Долгорочно, тоа би значело дека светскиот економски раст би се намалил за само 0,1 отсто, пресметале во OECD.

„Земјите го прифатија нашиот предлог за идниот договор, а клучното прашање кое уште треба да се реши е големината на претпријатијата кои ќе подлежат на обврската за плаќање на данокот, што ќе го олесни договорот за техничките параметри“, изјави шефот на одделот за даноци при OECD, Паскал Сен-Аман,