Невакцинираните Австријци нема да можат да влезат во угостителските објекти и фризерските салони

Австрија во петокот објави дека на лицата кои не се вакцинирани против Covid-19 нема да им биде дозволен влезот во угостителските објекти и фризерските салони, бидејќи бројот на коронаинфекциите се ближи кон рекордниот показател пред една година, а владата не успева да поттикне висока вакцинираност.

Околу 64 отсто од австриската популација целосно се вакцинирани против коронавирусот, што е во рамките на просекот на Европската унија, но е и една од најниските стапки во западна Европа. Мнигумина Австријци се скептични кон вакцините, што отворено го декларира Слободарската партија (FPÖ) од крајната десница, која е третата по големина во парламентот.

Во петокот бројот на новозаразените изнесувач 9.388, што е блиску до рекордот 9.586 пред една година кога беше воведенот второто од трите национални затворање во текот на пандемијата коронавирусот.

„Пополнувањето на болничките кревети на одделите за интензивна нега е побрзо од очекуваното“, изјави канцеларот Александер Шаленберг на прес-конференцијата за мерките кои стапуваат на сила од понеделник.

Новите мерки се однесуваат и на хотелите и на настаните на кои се собираат повеќе од 25 лица, стапуваат исто така од монеделник.

Ќе биде воведен четириседмичен преоден период во кој влезот во споменатите објекти ќе биде можен со покажување потврда за примање на првата доза од вакцината и PCR тест. Потоа семо целосно вакцинираните лица и оние коишто неодамна прележале Covid-19 ќе можат да влезат во угостителските објекти.

Новите мерки кои го објави во петкот владата предводена од конзервативците следеше ден откако слични мерки објавија градските власти на австриската престолнина Виена, со којашто, пак, владеат социјалдемократите. Виенската област има најниска стапка на инфекции меѓу деветте австриски сојузни покраини, но и најголем процент заболени на одделите за интензивна грижа од 20 отсто.