Невакцинираните да не одат на свадби и слави- препорачува Пановски

Само вакцинирани граѓани и оние кои го прележале ковид вирусот можат да одат на свадби и семејни веселби. Останатите да ги почитуваат ковид мерките, препорачува епидемиологот Никола Пановски, по информацијата дека во Тетово, во изминатите неколку денови од свадба и семејна прослава е зголемен бројот на случаи на ковид-19.

Според Пановски, повозрасните и сите оние кои имаат хронични болести, да им се извинат на славениците и да си останат дома, во спротивно тие ризикуваат да заболат од вирусот.

Нашите иселеници од земјите во кои нагло се шири Делта вирусот, слободно влегуваат во државата. Има свадби и слави и на отворено и на затворено, а токму тоа му треба на вирусот. Препорачувам што повеќе луѓе да се вакцинираат и да ги почитуват мерките во затворено. Ако се невакцинирани и одат на свадба и таму има луге од земјите каде се шири Делта сојот тоа значи дека се под висок ризик дека ќе се заболат, вели Пановски.

Во моментов, во Тетовскиот Регион активни се 65 случаи, а најголем дел од нив се од два кластери создадени од прослави. Денеска во земјава беа регистрирани 21 нов случај на ковид-19, од кои 11 од Тетово.
Од Министертсвото за здравство велат дека ја следат епидемиолошката состојба во Тетово, но дека имаат проблем затоа што заразените не даваат податоци за контактите.

Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Она што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти, за да може да се спречи создавање на кластери околу двата постоечки. Министерството за здравство апелира граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, велат од Министерството за здравство.

Свадбите, крштевките и родендените беа забранети од лани на 23 јуни, поради високите дневни бројки на заболени од ковид-19, но од први јули поради мираната епидемиолошка состојба дозволи свадби во затворени простории со максимум 250 гости.

Здравствените власти препорачуваат дека сепак и покрај мирната епидемилошка состојба во земјава, треба да одлржуваме лична хигиена, дистанца, и носење на маска. Не ја исклучуваат можноста доколу бројот на заболени расте мерките да се променат и да се воведат старо – нови рестрикции.