Доколку се уште не сте одлучиле што да подготвите за ручек или вечера топеното сирење е вистинскиот избор.
Потребни состојки:
600 грама фета сирење
200 грама мек кашкавал (ајдамер)
200 грама сувомеснато, по желба
200 грама шампињони
Кечап
Оригано
Бешамел сос
Начин на подготовка:
Направете го бешамел сосот, а фета сирењето исечете го Ена парчиња. Во поголем сад во кој ќе го печете јадењето ставете половина од сирењето. Прелијте го со половина од бешамел сосот. Над него наредете сувомеснато, сечкани печурки, кечап, зачинете со оригано и наредете неколку парчиња кашкавал. Потоа ставете го останатото сирење, пелијте со бешамел и завршете со парче кашкавал.
Вака подготвено се пече во незагреана рерна 30 минути на 200 степени целзиусови.
Добар апетит!