Младоженец револтиран поради неверството на невестата се решил да и се одмазди и тоа на денот на венчавката.
-Едвај чекам… Ништо друго не сакам повеќе од тоа да го поминам животот со тебе. Од првиот момент кога те видов, знаев дека сме сродни души. Баш утрово мајка ми спомена колку е посебна нашата врска. Ќе си купиме куќа, ќе имаме прекрасни деца и ќе истражиме се што има да ни понуди животот. Долго време барав зборови за да опишам што чувствувам за тебе, рече тој.
Неговата невеста го праша што прави, а тој одговори:
-Решив на нашите семејства и пријатели да им дадам подарок.
Под седиштата на присутните имало коверт, па ги замолил да го отворат.
Во него се наоѓала слика од неговата невеста со кумот.
Потоа им се заблагодарил што дошле на венчавката и сам заминал на меден месец.