
Заменик-градоначалникот на Мариупол вели дека одлучиле да ги вратат граѓаните назад и да ја запрат евакуацијата, бидејќи не е безбедно на улиците.
Серхи Орлов за Би-Би-Си изјави дека има континуирано гранатирање во Мариупол и по договорената рута за евакуација, во близина на градот Орихив.
„Не е безбедно да се оди по овој пат поради овие борби“, вели тој.
Украинската влада веќе разговара со руските претставници за прекршувањето на примирјето, вели тој, и преговорите се во тек.