Невработеноста во Германија ќе се зголеми за околу 520.000 луѓе на над три милиони луѓе оваа година. Тоа го предвидува Институтот за истражување на пазарот на трудот И-А-Бе, кој е дел од сојузната агенција за труд.
Додека пандемијата на коронавирусот турка повеќе луѓе надвор од пазарот на трудот, институтот предвидува пад на германската економија за 8,4 проценти во 2020 година, како резултат на пандемијата и најтешката рецесија од Втората светска војна.
Бруто домашниот производ во реална смисла е намален за 14,6 проценти во вториот квартал, велат експертите во извештајот објавен денеска.