3.8 C
Skopje
среда, декември 25, 2024

Невработеноста во ЕУ падна на 6,2 отсто

Стапката на невработеност во Европската Унија достигна рекордно ниско ниво во последните 19 години, се вели во извештај на „Евростат“. Според податоците на официјалната агенција за статистика на ЕУ, невработеноста во Унијата изнесувала 6,2 отсто во август годинава во споредба со минатиот месец кога бројката изнесувала 6,3 отсто и август 2018 – 6,7 отсто. Според „Евростат“, тоа се вкупно 15,4 милиони невработени мажи и жени.

– Ова е најниската стапка на невработеност забележана во ЕУ од 2000 година досега – се наведува во извештајот на „Евростат“.

Ако споредиме со минатата година, невработеноста се намалила во 24 земји-членки, останала стабилна во Луксембург, а пораст бележиме во Данска (од 4,9 на 5,0 отсто), Литванија (од 6,1 на 6,6 отсто) и Шведска (од 6,3 на 7,1 отсто)“, се додава во извештајот на Евростат. Од сите земји членки, Чешка бележи најниска стапка на невработеност со 2 отсто, а по неа следуваат Германија и Малта со 3,1, односно 3,3 отсто.

На дното на табелата се наоѓа Грција со невработеност од 17 отсто.