3.8 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2025

Невработеноста во Германија падна на 4,8 отсто

Невработеноста во Германија е на најниското ниво од периодот на обединувањето на поранешна Источна и Западна Германија, во 1990 година, објави денеска германската Федерална агенција за вработување (БА). Во ноември, 2,18 милиони луѓе беа невработени во земјата, а стапката на невработеност изнесува 4,8 проценти.

Во ноември, 24.000 луѓе беа помалку невработени во однос на претходниот месец, а за 6.000 помалку отколку во истиот месец лани, покажуваат податоците.

„Сегашниот економски пад е се уште забележителен на пазарот на трудот“, изјави шефот на Агенцијата, Детлеф Шеле. „Но, во целина, економијата е здрава“, додава тој.

Со регистрирани 736.000 работни места во Бирото за вработување, побарувачката за работна сила останува голема. Сепак, тоа е за 71.000 работни помала побарувачка отколку во истото време минатата година.