Во однос на 2015 година бележи намалување од 2,7 отсто, во однос на третиот квартал 2015 година стапката на невработеност е пониска за 1,1 отсто, а во однос на претходниот квартал невработеноста е намалена за еден отсто.
Според објавените податоци Република Македонија брои 949.944 лица од кои вработени се 727.985, а 221.959 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,6, стапката на вработеност е 43,4 отсто.
Од невработените мажи се 61,7 проценти, а жени се 38,3 отсто. Најголема е стапката на невработеност во групата од 25 до 49 години. Според образованието најголема е стапката на невработени со четиригодишно средно образование 99.954 лица. Со основно се 46.831, со високо 39.237, со тригодишно средно образование 25.623, со незавршено основно образование 4.257, со више 3.598 и без образование 2.459 лица.