Времето денеска на места ќе биде нестабилно облачно со пообилен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе има услови и за изолирана појава на град.
Во наредните два дена ќе има нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилување на ветерот, а од сабота се очекува постепено стабилизирање на времето и затоплување.