Невреме и град по сушното лето во Грција

Ноќна бура донесе град и силни доќдови во северните делови на Грција, каде што полицијата и пожарникарите биле постојано на терен спасувајќи луѓе од потопени автомобили и отстранувајќи урнати стебла.

Неколку улици во Солун се блокирани поради поплават. Градот во централна Грција предизвикал големи штето за земјоделството, пренесува државната телевизија ERT.

Невремето предизвика материјална штета на домови, а противпожарната служба интервенирала во девет случаи за спасување луѓе во Солун, објавија локалните медиуми. Паралелно противпожарната служба на Грција интервенира во испумпување вода од домовите, а добила вкупно 150 повици за помош.

Според грчката новинска агенција АNA=MPA, поројниот дожд го поплавил автопатот Солун – Ореокастро, а автомобилите останале заглавени на патот.

Бурата дојде по сушниот период кој траеше неколку месеци. Од мај досега речиси и да не се забележани никакви врнежи во најголемиот дел од Грција.