![Bosna 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/Bosna-01.jpeg?resize=696%2C392&ssl=1)
Невремето ги опустоши северните делови на Босна во средата вечерта, при што загина најмалку едно лице а уште неколку други се повредени, соопштија полицијата и службите за цивилна заштита.
Според засега достапните информации, 54-годишна жена смртно настрадала од струен удар во Брчко. Како што пишува електронското издание на дневниот весник Dnevni avaz, жртвата била пронајден во дворот на куќата во која престојувала.
Полицијата за инцидентот добила инфорамција од службата за итна помоо, а се претпоставува дека несреќата е предизвикана од невремето.
Упште најмалку осум лица се повредени во подрачјето на Бјелина, а силниот ветер и дождот предизвикале штети во областите на Босански Шамац, Добој, Брчко и Босански Брод.
Пожарникарските екипи морале да интервенираат поради обилните врнежи од дожд, како и од бројните дрвја кои силниот ветер ги соборил на сообраќајниците.