
Полуостровот Крим вчеравечер беше зафатен од силно невреме, кое остави без струја 180 илјади жители на 207 населени места.
При невремето нема жртви.
Метеоролозите предвидуваат дека невремето ќе продолжи и во следните два дена и предупредуваат на покачувањето на нивото на водите во некои реки на Крим од 30 до 80 сантиметри.