Силнo невреме проследено со град утринава го зафати подрачјето на Карловац, а силниот ветер кршел дрвја.
Постои можност за врнежи од град и во останатиот дел на Хрватска, како и можност од појава на „пијавици“ на Јадранот.
Метеоролозите за поголем дел од Хрватска издадоа портокалово предупредување на можни грмежи и невреме.
Според прогнозата на метеоролозите, силно наоблачување со дожд и грмежи ќе се прошири на поголем дел од земјата.