Силно невреме ја погоди Венеција – најмалку едно лице загина, а 30 се повредени, од кои три сериозно.
Жртвата во невремето е повозрасно лице, а повредените, кои главно се здобиле со полесни повреди, се сместени во болниците во Мештра, Падова, Пјове ди Саку и Миранo.
Во згрижувањето на повредените учествувале два хеликоптера и 19 амбулантски возила.
Силниот ветер корнеше дрвја, а оштетени се и голем број куќи.