Невреме во Гевгелија и во Дојран

Југоисточните делови од Македонија попладнево се зафатени со интензивни врнежи од дожд проследени со силни грмежи.

За кратко време во Гевгелија наврнале 60 л/м2,а во Дојран 20л/м2.

Нестабилноста во овие делови, како што информира УХРМ, се уште трае и се очекува зголемување на количината на врнежи.

За утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи.

Врнежите повеќе ќе бидат застапени во источните и јужните делови од земјава, а во крајниот југоисточен дел се очекува да наврнат околу 10 литри на метар квадратен воден талог. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Од четврток следува период на стабилно суво и потопло време со слаб до умерен северен ветер.