ВИДЕО Невреме во Скопје, поплавени улици, откорнати дрвја, во Аеродром летаа и покриви

Силно невреме, проследено со силен дожд и град, како и ветер го зафати Скопје. Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.

Според фотографиите што стигнаа до редакцијата на „Нетпрес“ во населбата Аеродром летнале и покривите на некои објекти по улиците, загрозувајќи го животот на граѓаните.

Во Карпош пак улиците се претворија во реки, поради лошата атмосферска канализација, пишуваат граѓаните.

Полиција ја обезбедува познатата главна скопска улица Илинденска, бидејќи од силниот ветер и невремето падна дрво сред булеварот.

Сообраќајот се одвива отежнато, а полицијата ги пренасочува автомобилите кои секако возат многу споро заради водата по улиците и силниот дожд и ветер.

Многу граѓани веќе пишуваат на социјалните мрежи за слични ситуации или уште поголеми штети.