Невреме во Тетово и околината

Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Општина Тетово и околината, објави Република.

Врнежите предизвикаа поплавуване на дел од улиците, посебно кај касарната на влезот на Тетово и на неколку куќи во Мала Речица-Општина Тетово.

Во улицата спроти касарната поплавени се гаражи, дворови, а сопствениците поставуваат соодвртни бариери за заштита од водата да не навлезе во домовите. Поради поплавените улици отежнато се одвива и сообраќајот во овој дел од градот.

Во улицата спроти касарната поплавени се гаражи и дворови, а сопствениците поставуваат соодветни бариери за заштита од водата да не навлезе во домовите“, велат од ЦУК. Поради поплавените улици во овој дел од градот, од ЦУК велат дека отежано се одвива сообраќајот.

– До 20:15 часот интервениравме со испумпување на вода од 13 куќи во Мала Речица каде се поплавени дворови, подруми и приземните катови од објектите. Кај касарната имаше задржување на вода на улиците, но со оглед на направен т.н бај-пас успеано е водата да не навлезе во дворовите – вели Авни Амети, командир на тетовската противпожарна единица, пренесува МИА.

Во поплавените делови од Тетово екипи на Територијалната противпожарна единица веќе вршат испумпување на водата од поплавените објекти, а екипи од тетовското Јавно комунално претпријатие интервенираат со соодветна механизација.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека попладнево Тетово и околината е зафатено со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд и грмежи.

Последните податоци од УХМР за до 20 часот, покажуваат дека во Тетово има наврнато 50 литри дожд на метар квадратен.