Невремето над Скопје принудно приземји авион на „WizzAir“ во Охрид

Од Конторла на летање информираат дека немало никакво принудно слетување на авион на охридскиот аеродрон, откако беше јаведно дека авионот на летот од Охрид за Германија, сепак, се вратил и принудно слетал во Охрид.

Станува збор за авион „Airbus А-320 на унгарската нискобуџетна компанија „WizzAir“, на редовна линија од Охрид за Фридрихсхафен, кој на пат кон Германија требало да слета во Скопје за го замени екипажот поради надминати часови на работа, па да продолжи кон крајната дестинација.

Од М-НАВ наведуваат дека поради невремето што во попладневните часови го зафати главниот град, авионот не можел да слета во Скопје и капетанот пет-шест пати вртел над скопскиот аеродром чекајќи подобри метео услови, по што безбедно се вратил во Охрид.

Авионот се задржал во македонскиот воздушен простор повеќе од два часа пред да се врати во Охрид, се наведува во соопштението.