Денешното невреме во Скопје предизвика сериозна штета во дистрибутивната мрежа. Засилени екипи на Електродистрибуција се на терен.
„Во моментов два 110 кв далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром” и „Исток” се без напон“, соопштија од Електродистрибуција.
Денес во скопските населби Аеродром и Ново Лисиче имаше силно невреме проследено со град и ветар кое попладнево изби во главниот град направи штети во населбите.