Невремето од Скопје се упатува кон Куманово

Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи вечерва е сосема на север на поширокото градско подрачје на Скопје. Облачноста се преместува преку Скопска Црна Гора кон кумановско со умерена брзина и е проследена со повремени ретки грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Се очекува ова подрачје и во следниов час и нешто повеќе да има повремен дожд и умерен ветер, соопшти УХМР.

Оттаму прецизираат дека кон југ во планинските подрачја на Западна Македонија има облачност без грмежи и повремен претежно умерен дожд.

Малку нестабилност и ретки грмежи има сосема на југ на Пелагонија, а во целина облачноста се преместува кон Повардарието.