Невремето во јули предизвикало штета од 38,5 милиони денари во Гевгелија

Дождот и градот што на 2 јули годинава ги зафати Гевгелија и населените места Милетково, Миравци, Габрово и Петрово предизвикале штети во изнод од 38,5 милиони денари на 69.554 хектари со различни земјоделски култури и посеви.

Проценката ја соопштија од Општина Гевгелија според елборатот што го подготви Општинската комисија за процена и утврдување на штети од елементарни непогоди, а кој го усвои Советот на Општина Гевгелија.

Штети од јулското невреме пријавиле 84 индивидуални земјоделци и 4 правни лица. Оштетувањата се движат од 30 до 100 отсто, а најголеми штети се предизвикани на лозовите насади.

Советот на Општина Гевгелија Елбаротот за штетите го достави до Републичката комисија за проценка и утврдување на штети од елементарни непогоди, до Владата и министерствата за финансии и за земјоделство, шумарство и водостопанство.