Невростимулатор имплантиран во черепот на момченце со епилепсија првпат во светот

Момченце со тешка епилепсија стана првиот пациент во светот кој го испроба новиот уред за контрола на напади, вграден во неговиот череп, објави во понеделникот BBC.

Невростимулаторот, кој испраќа електрични сигнали длабоко во неговиот мозок, ги намали дневните напади на Оран Ноулсон за 80 проценти. Неговата мајка Џастин изјави за BBC дека е посреќен и дека има „многу подобар квалитет на живот“.

Операцијата беше изведена ланскиот октомври како дел од испитувањатао во болницата „Great Ormond Street“ во Лондон кога Орејн имаше 12 години.

Оран, од Сомерсет, има Ленокс-Гасто синдром, форма на епилепсија отпорна на стандарден третман кој се развил на тригодишна возраст. Оттогаш, тој имал напади кои се движеле од дваесет до неколку стотици секој ден.

Мајката на Оран, пред операцијата, објаснила како епилепсијата доминирала во животот на момчето: „Таа му го украде целото детство“. Појаснила дека имал серија различни напади, вклучувајќи ги и оние каде што паѓал на земја, силно се тресел и ја губел свеста. Таа рече дека тој повремено ќе престанел да дише и била неопходна итна реанимација.

Оран има аутизам и ADHD, но Џастин вели дека неговата епилепсија е убедливо најголемата пречка.

„Имав прилично бистро тригодишно дете и за неколку месеци откако почнаа неговите напади, неговата состојба се влоши и тој изгуби многу вештини“, вели мајката.

Оран е вклучен во проектот CADET – серија на испитувања кои ја проценуваат безбедноста и ефективноста на длабоката мозочна стимулација за тешка епилепсија. Партнерството ги вклучува болницата „Great Ormond Street“, Универзитетскиот колеџ во Лондон (King’s College Hospital) и Универзитетот во Оксфорд.

Епилептичните напади се активираат од абнормални изливи на електрична активност во мозокот.

Целта на уредот, кој емитува постојан пулс на струја, е да блокира или прекине абнормални сигнали.

Операцијата, која траела околу осум часа, била извршена во октомври 2023 година.