Незадоволен фудбалер го нападнал судијата

Вчера околу 15:30 часот на Градскиот стадион во Струга, при одигрување фудбалски натпревар помеѓу ФК„Караорман“ и ФК„Влазними“, откако судијата досудил пенал за домашната екипа, Б.И. – играч од ФК„Влазними“, станал од клупата за резервни играчи и го нападнал судијата, удирајќи го со тупаница во пределот на лицето.

Во истиот момент, судијата го прекинал натпреварот.

По целосно расчистување и документирање на настанот против сторителот ќе следи соодветен поднесок.