Незадоволен од судот во Хаг, Трамп го нападна меѓународното правосудство

САД, притив кои Палестинската самоуправа подигна тужба пред Меѓународниот суд на правдата (МСП – ICJ) во Хаг, поради преселување на нивната амбасада во Ерусалим, соопштија во средата дека истапуваат и од документот со кој овој суд се прогласува надлежен за ова прашање.

Одлуката следеше откако Вашингтон претходно во средата се откажаа и од Спогодбата за пријателство со Иран од 1955 година, поради пресудата на МСП дека американските санкции против Техеран го кршат овој договор.

Ова е нов напад од страна на администрацијата на претседателот Донал Трамп врз меѓународните правосудни истанци и организации. Американскиот претседател минатата седмица на 73-та седница на Генералното собрание при Обединетите нации, остро го критикуваше Меѓународниот кривичен суд (ICC), откако од судот најави дека може да процесуира американски војници и државјани во Авганистан, иако и претходните американски претседатели издејствуваа исклучување на таквите множности во билатерални договори со многу земји.

„Претседателот одлучи дека САД ќе се повлечат од необврзувачкиот протокол на Виенската конвенција за дипломатските врски кои се однесуваат на решавање на спорови… Тоа е поврзано со тужбата на таканаречената држава Палестина против САД“, изјавил неговиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, пред новинарите во Белата куќа, истакнувајќи дека Вашингтон останува член на самата конвенција.

Трамп кон крајот на 2017 година објави дека го потпишува законот донесен од Конгресот на САД пред повеќе од две децении со кој Ерусалим се признава за главен град на Државата Израел, прекинивајќи го консензусот на своите претходници и на мешународната заедница, според кој за статусот на градот мора да се преговара во рамките на мировниот процес. Веднаш потоа започна процесот на преселување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусали.

Палестинската самоуправа во саботата соопшти дека пред Меѓународниот суд на правдата поденла тужба „за повреда на меѓународното право“, врз основа на Виенската конвенција за дипломатските врски од 1961 година. Во необрврзувачкиот протокол од оваа меѓународна конвеција која е потпишана и ратификувана од САД, се прогласува задолжителната правна надлежност на МСП во решавањето на сите спорови“, коишто се однесуваат на нејзиното „толкување“ и „примена“.

Така САД објавија дека се повлекуваат од споменатиот протокол одрекувајќи му на овој суд на Обединетите нации со седиште во Хаг, секаква надлежност по тоа прашање.

Претходно во средата САД се откажаа од Спогодбата за пријателство, економски односи и конзуларни права со Иран потпишан во 1955 година, објави американскиот државен секретар Мајк Помпео, откако претходно истиот дена Меѓународниот суд на правдата во својата одлука побара Вашингтон да се погрижи новите негови санкции против Техеран, како и од новиот круг кои треба да стапат на сила на 4-ти ноември, не влијаат врз хуманитарната помош и безбедноста во цивилното воздухопловство, што иранската страна го прогласи за своја победа.

Судиите на Меѓународниот суд на правдата пресудија дека санкциите коишто во мај ги наметна администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги кршат токму одредбите на Спогодбата за пријателство меѓу двете земји од 1955 година.

Обвинувајќи го Иран за „злоупотреба на ICJ во политички и пропагандни цели“, Мајк Помпео рече дека САД излегуваат од Спогодбата којашто е потпишана кога на чело на Иран беше шахот Реза Пахлави а која послужи како основа за тужбата на Техеран против Вашингтон.

„Искрено говорејќи, оваа одлука доаѓа со закаснување од 39 години“, рече Помпео, сугерирајќи дека САД требало да се повлечат во 1979 година, по Исламската револуција во Иран кога беше соборен шахот Пахлави.

Шефот на американската дипломатија оцени дека одлуката на судот во Хаг претставува „пораз за Иран“, иако таа налага дека САД мора да ги укинат санкциите кои би влијаеле на хуманитарната помош. Призна дека е „разочаран“ што судот „не препознал дека нема надлежност“ над овој случај, но дека пресудата „всушност претставува пораз за Иран“.

„Судот го отфрли обидот на Иран да се донесат пошироки мерки коишто би се однесувале на американските санкции и со право потсети на иранската историја на непридржување до меѓународните обврски кон договорот за неширење на нукларното оружје“, рече Помпео.

Појасни, исто така, дека во режимот на санкциите и онака веќе постојат исклучоци за хуманитарната помош.

„Тесно соработуваме со министерството за финансии, за оредени трансакции кои се однесуваат на хуманитарната помош да може да бидат продолжени“, додаде Помпео.

Иранското министерство за надворешни работи, очекувано, ја поздрави одлуката на судот.

„Одлуката уште еднаш покажа дека Исламската Република е во право и оти американските санкции против народот и граѓаните на нашата земја се нелегални и свирепи“, се наведува во соопштението на иранската дипломатија.